ЗАПОЧНА ИСПЛАТАТА НА СУБВЕНЦИИ ЗА КЛИМА УРЕДИ

Општина Охрид започна со исплата на субвенциите за набавка на клима уреди за 84 домаќинства од Охрид. За оваа намена предвидени се вкупно 1 154 000 денари.

 |   | 

Согласно Програмата за заштита на животната средина и природата за 2021 година, а врз основа на претходно објавен повик, Општина Охрид  започна со исплата на 1 154 000 денари на 84 домаќинства од Охрид за субвенционирање при набавка на модерен систем за затоплување- инвертер клима уред. Според планираното општината им надоместува дел од трошоците направени при набавка на уредот во висина од 50%, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.

Со ваквиот проект локалната власт настојува да ги стимулира жителите на општина Охрид (домаќинствата) за примена на посовремени уреди за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината. Домаќинствата на кои им беа доделени субвенциите мораа да ги исполнат сите услови предвидени во јавниот повик што за таа намена беше објавен во месец март годинава.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top