Заокружен проектот „Млади таленти – практиканти“

Има кој да го обели образот во хотелско угостителската дејност. Младите практиканти, ученици во Општинското средно Училиште „Ванчо Питошески“, се покажаа на дело. Тие денес практично на трпеза го сервираа своето знаење пред експертите од угостителската дејност.

 |  Билјана Николоска  | 
natprevar kulinarstvo
natprevar kulinarstvo

natprevar kulinarstvoОвој училишен проект е дело на ООУ „Ванчо Питошески“, во соработка со хотелите „Дрим“, „Белведере“, „Дипломат“ и „Милениум“. Денес во рамките на одбележувањето на 50 годишниот роденден на училиштето, белег на проектот му даде натпреварот на учениците во повеќе дисциплини од работата во хотелско угостителските капацитети. Директорот на училиштето Секула Баткоски ја потенцира важноста на овој настан, како и целта која сакаат да ја постигнат преку реализација на проектот.

Децата го дадоа својот максимум за реализација на проектот „Млади таленти – практиканти“, вели нивниот менторот проф. Јелис Караман Бешир. Таа додаде дека децата со право заслужија пофалби бидејќи добро се покажаа, а воедно со тоа обезбедуваат и виза за работа во хотелско угостителската дејност, како врвни стручњаци.

natprevar kulinarstvoНатпреварувачите пред предизвик за кој биле веќе добро потковани. Тие велат дека задоволство е да се покаже стекнатото знаење, посебно пред добрите познавачи и луѓе од хотелско угостителската сфера.

За кулинарските натпревари најдобро може да каже проф. Васко Цуцулески, кој е експерт во оваа област, а воедно беше и во жири комисијата за оценување на најдобриот во натпреварот. Тој потенцира дека сопствениците на хотелско угостителските капацитети пред се, вака обучениот кадар безрезервно треба да го земат во предвид, доколку сакаат успех на полето во туризмот и привлекување на гости. Според него келнерот, готвачот и шефот на кујна се столбови на еден угостителски објект, а нивна парола треба да биде гостинот пред се.

dodeluvanje nagradiНа крај се доделија бројни награди и признанија за најдобрите како и благодарници за соработниците во проектот. Во проектот беа вклучени ученици од различна етничка припадност. Очигледно дека сите присутни беа задоволни, бидејќи на крај и лично можеа да се уверат и да ги дегустираат подготвените јадења на идните надежни кулинари од ООУ „Ванчо Питошески“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top