Заев во Охрид на средба со хотелиерите и занаетчиите

Владата ќе ги поддршува семејните бизниси и занетчиите. Првиот чекор е намалувањето на казните. Ова денеска го соопшти премиерот Зоран Заев при денешната посета на Охрид каде оствари средба со дуканџиите и со хотелиерите. Целта е да се врат довербата во приватниот сектор и да се унапредува туризмот.

 |   | 

Премиерот Зоран Заев и министерот за економија Крешник Бектеши денеска по охридската чаршија  посетија неколку охридски дуканџии.Зборуваа за условите за работа и поддршката од владата на чаршискиот еснаф.
Економските политики на владата ќе ги поддржат семејните бизниси и занаетчиите за зголемување на нивниот профит. Најголемо значење во подобрувањето на бизнис климатаспоред Заев  има олабавувањето на казнената политика. Глобите за малите фирми се намалуваат за 60 %  , а пред глобата може да се изрече опомена.

 „Се менува казнената полтика која што во минатото беше репресивна и служеше за притисоци и закани и политички влијанија кон рпиватниот сектор посебно кон малите бизниси, Казните е бидат правични сразмерно согласно големината на фирмите  и да не го загрозуваат работењето и опстанокот на ирмите. Нема да го отежнуваат 7ивотто на граѓаните за одмерување на глобата ќе се води зметка за приходот остварен во мнатата година бројот на вработени и претходни санкционирања за истите прекршоци. За малите фирми минималната глоб ќе биде 50 а максималната 2000 евра. За споредба со стариот закон максималната глоба изнесуваше 5000 евра“, истакна премиерот Зоран Заев.

Заев денес оствари средба и со сопственици на хотели од охридскиот регион со цел да се слушнат предлозите за развојот на туризмот.
„Со оглед на тоа што изминатата 2018 година имавме рекордно висок број ан туристи кој зинесуваше над еден милион што придонесе и зараст на девизниот прлив да биде од 16,7% спореденео со 207 . Очекувам оваа година дека можеме уште подобри резултати да псотигнеме заедно во реализација на зацртаните цели и сите политики за развојот на туризмот“  , додаде Заев.

Според министерот за економија оваа сезона се очекуваат рекордни над милион и триста илјади туристи.

„Што се однесува до емрките што ние ги спорведувме откако оваа влада  е формиана сите сте запознаени дека почнавме со мерката  на субвенционирање на домашниот туризам и за работниците со ниски приходи. Продолжуваме и оваа година и сакам да ве известам дека од 26 пријавени хотели во Р Македонија 14 хотели се од Охрид Што значи над 5о % од сите добитници на оваа мерка што ја спроведува владата ќе дојдат и ќе престојуваат во Охрид. Во моментов работиме на новата бренд стратегија затоа ќе имаме средба и со хотлеиеритеза да ги слушнеме нивните предлози“, рече министерот за економија Крешник бектеши.
Според Заев инспекциските служби ќе мора  да имаат едукативен пристап а со тоа да се  врати довербата кај  приватниот сектор и да се поттикне законското плаќање на обврските.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top