Заев најави силна економска година, но порача да се засукаат ракавите

Премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески во работна посета на Охрид. Остварија средба со в.д градоначалникот Константин Георгиески и  одржаа  трибина со охриѓани „Силна економија шанса за сите“.  Граѓаните прашуваа за проблеми поврзани со денационалзицијата,  урбанизмот, катастарот. Премиерот порача да се чуваат природните убавини на  Охрид, а урбанистичкиот развој на градот да биде кон периферијата. 

 |  Валентина Неловска  | 

 

Во работна посета на општина Охрид допатуваа премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Имаа средба со в.д градоначалникот Константин Георгиески и одржаа трибина со охриѓани. Премиерот Заев пред присутните граѓани зборуваше за решавањето на чувствителните политички прашања и затварање на отворените прашања со соседите кои водат до остварување на целта влез во Нато и ЕУ. Порача сега е време сите да ги засукаме ракавите, ефикасно да работиме за да имаме економски просперитет на државата. Потсети на досегашните мерки кои владата ги презела за подобрување на животот на граѓаните, но и за мерките кои следуваат. Очекуваме сериозен тренд на странски инвестиции, а веќе има најави за 17 нови и отварање на 4500 работни места .Сега сум убеден дека ќе има перспектива за младите и да ги одвратиме да не заминуваат од земјата, рече премиерот Заев.

„ Најавувам храброст за напредок на економијата и стандардот на граѓаните. Верувам заедно да го истуркаме и тоа да им покажеме на нашите деца дека кога се сака се се може. Добивме договор со кој ќе има покажеме на идните генерации дека им оставивме татковина со која ќе се гордеат“, кажа Заев.

Од трибината беше најавен развој на подоходовен туризам во Охрид. Најавени се повеќе законски измени кои се однесуваат на граѓаните кои се на работ на егзистениција, враќањето на ДДВ на граѓаните. Министерот за транспорт и врски меѓу законските измени потсети на измените кои ќе се однесуваат на Законот за Охрид во кој досега имаше многу пропусти, Законот за градење, Законот за донесување  урбанистички планови.

„ Од наредната недела во владина процедура ќе влезе законот за урбансистичко планирање. Станува збор за реформски закон иако идеален зкаон нема , но тоа ќе е сриуозен закон со кој очекуваме граѓаниет и стопансвтниоците да имат полесна постапка за вадње на одобрение за градба и да се скратат постапките кои траат со години, “ напомена министерот за транспорт и врски Сугарески.

На трибината охриѓани укажуваа и бараа решавање на проблеми поврзани со урбанизацијата, денационализацијата на имотите, проблеми со катастарот, изградба на железница. Меѓу прашањата беше поставено барање за поништиување на авионското снимање од пред 10 години со од кое голем број граѓани трпат сериозни последици по имотот.

Премиерот Зоран Заев потсети на плановите кои се однесуваат на развој на Охрид меѓу кои се формирање на Државно претпријатие за Колекторскиот систем, Урбанизирање на просторот на Касарната, реконструкција и подобрување на патната инфрастуктура, но и враќање на ингеренциите над плажите на Охридското Езеро во раце на државата. Од Охрид порача да се чуваат природните убавини на градот, а урбанистичкиот развој да биде на периферијата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top