Втора велосипедска тура во Дебрца

Утринава прекрасна беше глетката кај црквата “Св.Спас”, село Годивје, славна Дебрца.
 |   | 
Стотина вљубеници на планинскиот велосипедизам, од цела Македонија ја започнаа Втората велосипедска тура во Дебрца, која годинава се вози од село Годивје до Бабин Срт ( 2241 м.н.в. ) , врвот на Стогово и назад.
-Поздравувајќи ги учесниците, посебно истакнав дека општина Дебрца располага со идеални терени за организација на планински велосипедизам, а особено пределот на Славеј планина, Алипашица, Караорман, Лисец, Стогово со Бабин Срт, со своите природни убавини и недопрена природа е еден од најдобрите во Македонија за организирање на планинска велосипедска тура. Посебна благодарност изразувам и до организаторот и спомагателот на настанот, Здружението за спорт и рекреација “Прв до Врв”, Скопје и Сава Осигурување АД Скопје, кои ја спознаа Дебрца , како извонредно подрачје за организација на еден ваков настан.-напиша Зоран Ногачески, градоначалник на Општина Дебрца, на неговиот официјален фејсбук профил.
Општина Дебрца во целост го поддржува овој спортско-рекреативен настан, бидејќи преку истиот се промовираат здравиот начин на живот, природните убавини, историското и културното наследство на Дебрца.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top