Вршење јавен превоз без лиценца, пронајдена марихуана-СВР билтен

Вршење јавен превоз без лиценца, пронајдена марихуана, злоупотреба на лични податоци. Погледнете го најновиот СВР Билтен.

 |   | 

На 27.07.2021 во СВР Охрид, приведен е М.П.(24) од Прилеп кај кого во Авто кампот „Градиште” во Охрид, пронајдена е марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.П.(30) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца”. При контрола извршена на 06.07.2021 година на булеварот „Туристичка” во Охрид, полициските службеници констатирале дека тој врши такси превоз на патници без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен орган.

Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци” и „загрозување на сигурноста”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.И46) од ресенското село Горно Крушје. Тој, во периодот декември 2020 до јули 2021 година, преку лажен фејсбук профил на повеќе лица од Охрид им испраќал пораки со недолична и заканувачка содржина, обработени и монтирани фотографии и фотографии со заканувачка содржина.  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top