Време за ифтар и суфур

За припадниците од муслиманска вероисповед започна месец Рамазан.

 |   | 

Во Скопје, времето на ифтар (кога завршува постот), денеска е во 20 часот и 7 минути, додека времето на суфур (кога почнува постот) e во 3 часот и 17 минути.

Времето на ифтар и суфур во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес 2 минути порано, Штип 3 минути, во Кочани 4 минути, во Струмица и Валандово 5 минути, а во Делчево 6 минути порано.

За разлика од времето на ифтар и суфур во Скопје, во Ресен и Битола тие почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево 2 минути, а во Охрид, Дебар и Струга 5 минути подоцна.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top