Воспоставена соработка меѓу воздухопловниот ВИНГ на АРМ и ПСС од Охрид

Со одобрение на Министерството за Одбрана и Генералштабот на Армијата, Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид започна многу значајна соработка со армискиот воздухопловен ВИНГ, која во иднина ќе се продлабочува, со цел зголемување на ефикасноста и економичноста на спасителните операции.

 |   | 

Со одобрение на Министерството за Одбрана и Генералштабот на Армијата, Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид започна многу значајна соработка со армискиот воздухопловен ВИНГ, која во иднина ќе се продлабочува, со цел зголемување на ефикасноста и економичноста на спасителните операции.

Соработката ја започнавме како дел од проектните активности на проектот „Нови можности за безбеден зимски авнтуристички туризам“, финансиран од Европската Унија, ИПА програмата за соработка со Албанија, кој има за цел, зголемување на ефикасноста на ПСС во прекуграничниот регион, а со тоа и безбедноста на посетителите и локалното население во регионот. Обуката ја заокруживме со показна вежба за изведување на една од најкомплексните операции во планинското спасување, односно извлекување на повреден од вертикална карпа, со помош на хеликоптер. Показната вежба беше организирана, со цел презентација на значењето на цивилно-воената соработка, во случај на деликатни несреќи, кога е неопходно здружување на сите расположливи ресурси, за безбедно и ефикасно изведување на операциите за спасување.

За вежбата беше разработено сценарио според кое двајца параглајдеристи, поради лоши временски услови, завршуваат едниот закачен на карпа висока 30-тина метри, а другиот во водите на Преспанското Езеро. Согласно сценариото, Оперативниот центар на ПСС добива СОС повик од посетители на плажата во Стење, со информација дека двајцата параглајдеристи доживеале несреќа. Со оглед на природата и комплексноста на несреќата, Оперативниот Центар на ПСС прави проценка дека за ефикасно изведување на операцијата, е неопходно вклучување на хеликоптер и специјализирани тимови за спасување од вода, по што веднаш се испраќа барање до командата на армискиот воздухопловен ВИНГ. Веднаш се подготвува хеликоптер МИ17, кој заедно со припадници на армиските специјални единици се упатува во Охрид, од каде по 45 мин. го зема тимот на ПСС и за 10 мин. стигнуваат на местото на несреќата. Додека тимот на ПСС спроведува имобилизација на повредениот на карпа, со помош на специјализирано мултифункционално транспортно средство, армиските тимови го евакуираат лицето од водите на Преспанското Езеро. Откако параглајдеристот на карпата е целосно имобилизиран и подготвен за транспорт, тимот на ПСС го повикува хеликоптерот, кој со витло го подигнува повредениот директно од карпата.

За вежбата и за претходните тренинзи, Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид ја користеше специјализираната опрема за имобилизација на политрауматизирани лица, како и опремата за спасување од хеликоптер (мултифункциско носило и систем за анти-ротација) кои се набавени во рамки на проектите финансирани од Европската Унија, преку ИПА програмата за прекугранична соработка со Албанија.

Показната вежба ја следеше Министерката за Одбрана, Г-ѓа Радмила Шекеринска придружувана од високи претставници на армискиот Генералштаб, како и останати ВИП гости од Преспа Форумот за Дијалог. По завршување на вежбата, имавме можност на гостите да им презентираме дел од специјализираната опрема за спасување, како и да поразговараме со Министерката за Меѓународните стандарди во планинското спасување, нивната имплементација кај нас и неопходноста за формирање на Национален систем за спасување, кој како што изјави и Министерката „Ако функционира локално, може да функционира и национално!“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top