По Водопост – Водици

Денеска е Водопост (строг пост односно пост на вода), или ден пред празникот Водокрст или Водици. Уште рано утрово свештени лица во христијанските домови осветуваат вода со која во текот на денот се прска низ куќата, дворовите и целиот имот со цел да ги избрка сите лошотии.

 |  Татјана Маленкова  | 
vodici
vodici

Денеска е Водопост (строг пост односно пост на вода), или ден пред празникот Водокрст или Водици. Уште рано утрово свештени лица во христијанските домови осветуваат вода со која во текот на денот се прска низ куќата, дворовите и целиот имот со цел да ги избрка сите лошотии.

Познато е дека овој празник и обичаи се празнувале уште во вториот век од христијанската ера. Ден по водопос се празнува Водокрст, празник кој е поврзан со крштевањето на Исус Христос од страна на Свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител, а фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа.

Празникот се нарекува Водици, поради големиот водосвет, што го извршува Црквата на овој ден. Празникот Богојавление се нарекува така затоа што при крштевањето на Господ Исус Христос се јавиле пресвети Тројца: Богот Татко од небото зборувал за Синот кој се крстил: Синот Божји го крстил Јован, чин што го видел Богот Татко, а Светиот Дух од висините слетал како гулаб потврдувајќи го гласот на Таткото.

Според кажувањата на старите Охриѓани, од Божик до Водици, навечер скитале умрените, караканџолите, вештерките, аветите и  вампирите. За заштита од нив, луѓето кога излегувале надвор од дома, задолжително во појасот носеле лук, сол, леб или слично нешто како заштита од нечистите сили.

Според верувањата, точно на полноќ, се отварало небото и на сите што будни ќе го дочекаат празникот, Бог ќе му ги исполни желбите. Тој час и водите за миг престанувале да течат и биле лековити.

Карактеристично за празникот Водици е тоа што се празнува во помали или поголеми групи, таканаречени тајфи, кумства или братства. Некаде тие групи се формираат во маала или во фамилии. Секоја тајфа има свој Кум, кого го викаат уште и Св. Јован.
Тој го чува крстот една година, до наредните Водици.

На спуштањето на крстот во водите низ државата му претходат литургии во храмовите на МПЦ и Богојавленски литии.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top