Во сообраќајниот метеж секојдневно се топи сообраќајната култура кај сите учесници

Посебно е алармантно е сообраќајното воспитание кај децата на кои во образовниот систем многу малку се посветува внимание за сообраќајната култура. Експертите препорачуваат да се вклучат повеќе родителите кои преку својот пример на однесување ќе делуваат кај децата од најмала возраст за повисоко ниво на сообраќајна култура.

 |  Валентина Неловска  | 

Се намалува сообраќајната култура на сите учесници низ градските улици. Во секојдневното брзање се помалку се внимава на сообраќајните правила, а се уништуваат и сообраќајните знаци. Алармантно е сообраќајното воспитание кај децата кои во вопспитно-образовниот систем многу малку учат за сообраќајната култура, напоменува дип. сооб. инж. Соња Шикалоска, авто инструктор од АШ Старс. Со цел едукација на најмалите Шикалоска на покана од организаторите на Платформата 5 до 12 одржа едукативна настава со деца од 7 до 13 годишна возраст. Практично им се доближија сообраќајните правила и улогите на сите учесници во сообраќајот.

„Постојано гледам дека мајките не го почитуваат начинот на поминување преку коловозот. Мораме на некој начин на детето од мали нозе да му влееме како да поминува преку улица. Тоа ќе го постигнеме сите заедно еден не може да постигне ништо. Родителите додека ги носат децата на училиште да внимаваат во сообраќајот, кога туркаат количка да не го носат детето од страна на возачите. Сите да влијаеме на терен за да имаме повисока сообраќајна култура“.

Шикалоска, напоменува дека не се почитуваат сообраќајните правила и дека се унипштваат сообраќаниет знаци и сигнализација. На улица грешки прават не само возачите на моторни возила туку и пешаците и велосипедистите.

„Многу чест е коментарот нема место каде да возам велосипед нема услови. Меѓутоа никој не се запрашал како го управува велосипедот и дали при тоа внимава како го управува. За сите има место доколку рационално се користи просторот и сообраќајната површина. Голем број учесници на велосипед се со недоволна опрема и сигнализација и се опасност за возачите“.

Дип. сооб. Инж. Соња Шикалоска исто така, апелира до велосипедистите ноќе да возат со флуоросцентен елек, да го туркаат велоспидот на пешачки премин и никако да не возат во внатрешноста во кружните текови.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top