Во потрага по внукот за филмот „Дедо и внук“

Младите охриѓанчиња од 7 до 10 годишна возраст кои имаат афинитети за актерска игра, кои знаат да играат фудбал, да се комуникативни можат да се пријават на кастингот за новиот долгометржен филм „Дедо и внук“, кој е во режија на Илија Пиперкоски. Тој ќе се одржи во недела на 9 ти април од 17 до 22 часот во просториите на ЦК „Григор Прличев“.

 |  Николоска Биљана  | 

Филмската продукција од Македонија подготвува нов долгометражен филм, „Дедо и внук“ во режија на нашиот сограѓанин, Илија Пиперкоски. Станува збор за нов проект на Пандора Бокс продукција, од Македонија. Во моментов филмската екипа е во подготовки и се очекува деновиве да пристигнат во Охрид, открива театарскиот режисер од Битола, Јован Ристовски. Кастингот кој е на Катерина Грубач е во Охрид, во потрага по протагонист на ликот на детето во филмот.

 „Во потрага сме по мало детенце меѓу 7 и 10 години кое има афинитети за актерска игра пред камера односно некој млад талент од охрид, кој можеби некаде и во иднина ќе биде актер. Веќе имавме неколку аудиции во локалните основни училишта во Охрид, мора да признам има супер деца во градов, јас доаѓам од Битола, долги години заедно со колешката Катерина заедно сме во соработка во филмскиот бизнис. Се надеваме дека ќе дојдат и други луѓе на аудиција. Официјалната аудиција за статисти во градот Охрид е недела од 17 до 22 часот ноќта во ЦК „Григор Прличев“ во Охрид“ .

Ристовски кажа дека во филмот ќе се појават исклучително добри македонски актерски имиња, но не сакаше да открие за кои станува збор. Раскажа мали детали за филмот кој во суштина бил многу комплексна приказна од еден егзистенционлно социолошки аспект, односно една фамилијарна проблематика која во принцип сите ја доживуваме во земјава.

„Разликата меѓу генерациите, бидејќи во филмот се појавуваат три генерации, во Македонија растени сме во многу различни системи, така да се среќаваме со проблеми судир помеѓу едната втората и третата генерација која доаѓа. Филмот од тоа што можам да откријам е современа приказна, значи се случува сега и тоа ме радува и мене надвор од тоа како што сум дел од филмската екипа, ме радува што се снима современ филм моментално со една современа приказана. Исто така адаптацијата и сценариото е на Илија Пиперкоски и продукцијата одлучи да целиот филм се реализира локациски во Охрид. 

Кога станува збор за статисти, Ристовски смета дека охриѓани имаат култура на снимање. Тој исто така кажа дека нашиот град во последно време претставува една пристапна локација за снимање, која овозможува добар развој на филмската уметност.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top