• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Во основните школи ќе се воведува услугата образовен асистент за децата со посебни потреби

Во основните школи ќе се воведува услугата образовен асистент за децата со посебни потреби

Следниот месец ќе почне обуката за образовните асистенти. Исто така,  ќе се одржат и обуки за наставниците во чии паралелки ќе бидат вклучени овие ученици.

 |  Валентина Неловска  | 

Во основните школи ќе се воведува услугата образовен асистент за децата со посебни потреби. Министерството за образование прави подготовки за обезбедување на образовен асистент од следната учебна 2021/2022 година. Со новиот Закон за основно образование, училиштата каде што се воспитуваат и образуваат учениците со попреченост стануваат Ресурсни центри. Ќе се овозможи мобилност од искусен кадар кој ќе дава поддршка на инклузираните ученици како и на инклузивните тимови во редовните училишта.

„Сите родители на учениците од 2-ро до 9-то одделение треба да се пријават во своите училишта, да ја искажат потребата и да достават мислење од Комисијата која работи по Меѓународната класификација на функционалности. За учениците кои за прв пат се запишуваат во прво одделение оваа обврска треба да ја исполнат до почетокот на месец јуни. По утврдување на потребата, односно бројката на потребни образовни асистенти, во втората половина на месец јуни ќе се објави јавен повик за ангажирање на образовни асистенти“, најави денес министерката за образование и наука Мила Царовска.

Во соработка со Канцеларијата на УНИЦЕФ, во месец април, ќе почне обука на кадарот во посебните училишта, односно тренинг за тренери за образовни асистенти. Тие треба да ја спроведат обуката на образовните асистенти кои ќе бидат селектирани, а ќе се одржат и обуки за наставниците во чии паралелки ќе бидат вклучени овие ученици.
За првпат системски се воведува услугата образовна асистенција која е предуслов за обезбедување на инклузивно образование. Донесени се сите подзаконски акти кои се однесуваат на услугата, со што образовна асистенција ќе се испорачува согласно Законот за основно образование.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top