Во охридската болница за раѓањето на бебињата се грижaт професионални акушерки

 Во  охридската болница за раѓањето на бебињата се грижaт професионални  акушерки.

 |  Валентина Неловска  | 
bebe

Акушерството е благородна професија која се грижи за здравјето на мајката  и за новородениот живот на бебето. Во охридската болница на одделот за гинекологија има 30  акушерки. Станува збор з а професионален тим кој ја работи со огромна љубов оваа професија, напоменува од името на своите колешки сестра Наташа Лолеска. Пред се работи мајчинскиот инскинкт кај сите нас , а при тоа чувството да се донесе на свет еден  мал беспомошен живот е прекрасно, открива Лолеска.  

bebe„ Работата  е сложена. Тука кај нас се доаѓа за убави моменти, за радост. Ние сме професиоанлен тим во државното здравство каде што сме докажани. Во новата болница е уште поубаво да се работи. Имаме современа апаратура во неонтолошкиот дел кој  е многу важен. Имаме добра опрема, стручен тим од педијатри и неонтолошки сестри по раѓањето е многу важно да се згрижи новороденчето“, напоменува сестра Лолеска.

Мајките со своите новороденчиња престојуваат во просек по 7 дена во болницата, а ни се заблагодаруваат и кога се кај нас и кога се среќавме во чаршија.  Охрид е мал град, се сретнуваме  и чувството е убаво кога ќе видите кога од мало бебе кое се родило кај нас израсанало  прекрасно дете, момче или девојче. Сестра Лолеска  напоменува дека во нивната установа се следат и технолошките достигнувања. Породувањата се регистрираат и во компјутерски регистер.

bebe

„Сега сме комјутерски повразани со државниот регистер во Скопје , со Универзитетска клиника. Раѓањата се регистрираат електронски низ цела земја. Има поврзување на гинеколошките служби со центарлниот регистер и има увид колку новороденчиња има во моментот“, информира сестра Лолеска.   

Досега  на  гинеколошкиот оддел при охридската Општа болница  се родени  225  охрѓанчиња. Оваа бројка мината година ја  достигнала цифрата од 595 бебиња.   

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top