Во Охрид обновена литијата која го најавува Христовото раѓање

 Во Охрид обновена  литијата која го најавува Христовото раѓање.

 |  Валентина Неловска  | 
ИХ
ИХ

Во Охрид, на Коледа се обновува една заборавена традиција литија која го наговестува Христовото раѓање. Колона од околу 150 деца кои ја сочинуваа литијата утрово тргна од црквата  Св. Ѓорѓија и пристигнаа на градскиот плоштад. На чело на поворката децата ја носеа пештерата, која го симболизира раѓањето на Исус Христос. За оваа литија  таа специјално изработена од монахињите во манастирот Св Ѓорѓи Победоносец во Рајчица. Децата пееја радосни песни, а носеа фенерчиња, бродови и подароци со што го најавуваа утрешниот голем христијански празник Божик.
литија
Марија Ристеска член на организацискиот одбор вели дека со литијата е ставен акцент на раѓањето на Христос Бог. Децата се праслика на ангелите и го означуваат раѓањето на Хрисот пеејќи ја  песната Вечниот Бог.
„ Слушаме различни песни со кои се оди на Коледа , песни кои се пренесуваат од колено на колено, но стара византиска коледарска песна, карактеристична за православието е Вечен Бог, со која достојно и вистинито го најавуваме раѓањето на нашиот спасител.“

На градскиот плоштад литијата беше дочекана од верници и од охридските советници. Децата учесници во литијата беа дарувани со подароци. Заменикот градоначалник Ангел Јанев им го честита престојниот празник на сите  сограѓани  со желби за поубав живот.

„ Јас би сакал  сите наши сограѓани да го видат она што ние денес го видовме и почуствувавме овде од овие насмени и прекрасни детски лица околу нас. Ја поздравуваме иницијативата и се надеваме дека ова ќе биде дел од традиццијата на граѓаните и во Република Македонија.“

Денешната литија  беше одржана со благослов на православната црква. Колоната од деца помина низ охридската чаршија и  во храмот Св. Успение на Пресвета Богородица, Каменско, беше дочекана  од свештеникот Димче Азески. Тој  бадникарчињата ги благослови и дарува со крстиња според древната христијанска традиција на Коледе.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top