Децата од охридските градинки одржаа продажна хуманитарна аукција

 Децата од охридските градинки  одржаа  продажна  хуманитарна аукција.

 |  Валентина Неловска  | 
градинка
градинка

Накит, играчки и украсни предмети се продаваа во објектот Развигорче. Продажните предмети беа изработени од децата од сите градинки на ЈОДУ„Јасна Ристеска“. Ова е втора акција насловена како „ Од деца за деца“.градинка

Хуманитарниот настан беше посетен од родителите кои се вклучија во активностите на градинката и гледаат со одбрување на всадување на хуманите навики кај своите деца.

Собраните средства од денешната продажна хуманитарна аукција се наменети за поплавените населени места Могила и Новаци. Децата од сите објекти од  предучилишна возраст, помогнати од нивните  родители  и воспитувачки,  беа  вклучени во изработката на накит и играчки. Розе Костоска даде оценка на досегашните спроведени активности во нивните објекти  кои имаат хуман карактер.  

градинка 

„Здоволни сме што родителите покажаа исклучителна соработка посебно за овој проект кој го работевме. Засега сме на високо ниво. Се надевам дека ќе го одржиме ова ниво и ќе продолжиме на сите начини на бидеме хумани. Секогаш има можност за повеќе, но ние сме задоволни како вработени во градинката бидејќи реализираме прекрасен проект кој значи многу. Овие деца од мали нозе ги  воспитуваме на хумани вредности  кои понатака ќе ги применуваат во животот“, вели   Костоска.    

Директорката Костека најави дека продолжуваат и понатака со хуманите активности во нивните објекти. Во престојниот период преку Центарот за социјални грижи ќе ја спроведуваат акцијата за собирање на облека,  предмети и играчки од децата, а кои ќе бидат наменети за деца од  социјално ранливи семејства.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top