• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Внуките на коосновачот на Црвениот крст ја посетија охридската организација на Црвениот крст

Внуките на коосновачот на Црвениот крст ја посетија охридската организација на Црвениот крст

Црвениот крст од Охрид денес ја пречека високата швајцарска делегација од Асоцијацијата „Анри Динан“. Целта на посетата е подигање на нивото на знаењата за идејата и движењето на Црвениот крст. Дел од делегацијата беа и двете внуки на коосновачот на Црвениот крст, Густав Моние.

 |  Мишел Наумоски  | 
henry dunant
анри динан

Општинската организација на Црвениот крст од Охрид денес беше посетена од висока делегација од Женева-Швајцарија. Асоцијацијата „Анри Динан“ веќе долги години соработува со организациите на Црвениот крст од земјава како и Друштвото „Анри Динан“ од Струга.

crven krst delegacija„Предвидено е да се оствари една работна средба на која ќе се дискутира за нашите активности во насока на подигање на нивото на знаењата за идејата и за движењето на Црвениот крст, а се со цел тие знаења да се прошират и до најмалите и до сите оние места каде ние имаме целни групи. Црвениот крст многу вложува во ширењето на знаењата за Црвениот крст и затоа сме препознаени од страна на оваа асоцијација од Женева, кои во 2006та година ја донираа и оваа биста на Анри Динан, единствена во Македонија поставена пред нашата организација.“-вели претседателот на Црвениот крст од Охрид, Сашо Точков.

Гостите од Швајцарија не само што се запознаа со активностите на Црвениот крст од Охрид во насока на  промовирање на значењето на оваа организација, туку најавија и нивна помош за остварување на таа цел.

Asocijacija Henry Dunant„Ние сме дојдени овде со книгите на Анри Динан. Знаете за збирките на Анри Динан „Спомен на Солферино“ доста познати и читани, но исто време се подготвуваме да соработуваме со Црвениот крст од Охрид и Друштвото „Анри Динан“ од Струга, да ги преведеме на македонски и албански јазик биографиите на Густав Моние и Анри Динан. Како проект ќе биде наскоро тоа, ќе се реализира од нивна страна, но со наша соработка.“-вели Роже Дуран-Претседател на Асоцијацијата „Анри Динан“-Женева.

Дел од швајцарската делегација беа и двете внуки на коосновачот на Меѓународната организација на Црвениот крст, Густав Моние. Инаку, во рамките на нивната посета на државава, тие утре ќе откријат биста на нивниот дедо пред седиштето на Црвениот крст од Битола.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top