• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • ВМРО-ДПМНЕ орагизира протести во десет градови, во Охрид ќе се блокира кружниот тек кај „Охридска банка“

ВМРО-ДПМНЕ орагизира протести во десет градови, во Охрид ќе се блокира кружниот тек кај „Охридска банка“

Време е да се обединиме против оваа ненародна власт“, порачуваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, од каде за денеска најавуваат голем протест.

 |   | 

Време е да се обединиме против оваа ненародна власт“, порачуваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, од каде за денеска најавуваат голем протест.

Ве повикуваме од 15:00 до 17:00 часот на протест и блокада кај кружен тек, „Охридска банка“. Да се обединиме против оваа ненародна власт. Доста е, излези за Македонија, порачуваат од партијата“.

Од ВМРО-ДПМНЕ со ваквиот предупредувачки протест ќе побара од Владата да го објави патоказот, за кој според партијата, преговараат со Софија премиерот Зоран Заев и владиниот специјален пратеник за Бугарија, Владо Бучковски.

Доколку не се даде тој документ на увид на јавноста, ВМРО-ДПМНЕ ќе преземе и други активности, како институционални блокади и слично. Се сомневаме дека на преговарачката маса за симнување на ветото од Бугарија се ставени идентитетот, јазикот, културата, односно постои опасност за бугаризација на земјата“, потенцираат од партијата.

Повикувајќи се на дипломатски извори, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот брифинг рече дека двоецот Заев-Бучковски преговара со техничката бугарска влада за делови од декларацијата, која беше усвоена во бугарскиот парламент во 2019 година.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top