Влезот во Охрид сеуште не е хортикултурно уреден

Влезот во Охрид сеуште не е хортикултурно уреден. Иако беше ветено дека просторот на влезот во градов кога доаѓаш од Скопје ќе личи на оние во европските градови, сеуште е таков каков што беше и пред неколку години. Од локалната објаснуваат дека се чека да се постави систем за наводнување за да може да се одржува зеленилото.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Северозападниот влез на Охрид сеуште не е хортикултурно уреден. Освен куќарката во стилот на старата охридска архитектура и една стрелка која е направена од левата страна на патот кога од Скопје доаѓаш за Охрид нема ништо друго што би асоцирало на тоа дека тука е влезот во најголемиот туристички центар во Македонија. Од Локланата ветуваа дека просторот кој меѓу охриѓани е познат како кај петљата ќе биде уреден, ќе биде засадено зеленило и цвеќиња, ќе бидат поставени и некои други содржини, а старите ќе бидат отстранети. Но еве и оваа сезона помина, а тоа не се направи. Од локалната објаснуваат дека тие  почнале да го уредуваат тој простор но требало МЈП „Проаква“ да направи водоводна пумпа за наводнување на тревата и цвеќињата и да постави други водоводни инсталации, па затоа работите закочиле.

Тие сеуште треба да направат одредени инсталации на водоводни цефки бидејќи тоа е неопходно за овој дел од градот, па потоа да се пристапи кон она што значи хортикултурно уредување на овој простор, вели Томе Џамтоски- портпарол на Локална самоуправа.

Џамтоски вели дека општината чека и да завршат градежните работи на автопатот Охрид Скопје бидејќи со проширувањето на овој патен правец тука ќе има и некоја измена на сообраќајниот режим и ќе има поинаков влез на Охрид.

Сосем е нормално да причекаме да се заврши тој проект за конечно да го имаме новиот изглед за влезот на градот иако од ЈП Комуналец не информираа дека тие веднаш откако МЈП Пропаква ќе заврши со своите градежни активности веднаш ќе пристапат кон уредување на оној дел што сега стои како триаголник хортикултурно ќе го уредат, вели Џамтоски.

Од општината велат дека дел од одговорностите за уредувањето на овој простор  треба да превземе и Агенцијата за патишта бидејќи се работи за магистрален пат кој е во нивна надлежност.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top