За високиот процент на царски резови во Охрид имаат оправдување од болницата

Се поретко жените се одлучуваат на нормално спонтано продување, сметаат гинеколозите од охридското одделение. Последните податоци од ФЗОМ зборуваат дека секоја втора охриѓанка и стружанка во 2013 година се породиле со царски рез. Началникот на гинеколокото одделение од Охрид обелоденува на што се должи тоа. 

 |  Николоска Биљана  | 
ginekologija
гинекологија

ginekologijaНеодамна ФЗОМ објави алармантни податоци, односно висок процент на породени по пат на хируршка интервенција. Според нив дури 50% или секоја втора охриѓанка и стружанка биле породени со царски рез. Д-р Ѓоко Танески од гинеколошкото одделение при општа болница Охрид вели дека процентот на царски резови во Охрид, пред да отидат на работа во струшкото гинеколошко одделение во времетраење од три години поради реконструкција на болницата, се движел до 30%.

„За тие три години во струшкото одделение се породија околу 1800 пациентки од Охрид од нив скоро половина се породени со царски рез, сега доаѓаат за повторно раѓање во гинеколошкот одделение во Охрид. Пациентка породена со царски рез во најголем број случаи и второто раѓање завршува со царски рез“  – вели д-р Танески.

Како што нагласува д-р Танески, гинеколозите на одделение се чуствувале како извршители бидејќи во одлуката на пациентката како да се заврши раѓањето најголемо влијание имале матичните доктори и вербата на пациентките била поголема во матичните отколку во гинеколозите.

ginekologija„Кога пациентката ќе дојде со спремна дијагноза, ние се наоѓаме во улога угоре високо удолу длабоко. Не е ни малку едноставна на една пациентка на која што 9 месеци и се кажува дека раѓањето ќе се заврши со царски рез сега да го смени нејзиното мислење“ – додава д-р Танески
 
Ставовите на министерството се јасни и ние ги прифаќаме и поддржуваме од една гледна точка, финансиската, вели првиот човек на болницата Љубен Арнаудов.

„Зголемениот број на царски резови  неоспорно го оптоварува буџетот на болницата бидејќи тоа е многу поскапо од спонтанотo породување. Така да ние веќе презедовме соодветни мерки и контроли да оваа бројка ја спуштиме на едно реално ниво така да понатаму немаме никакви проблеми“.

Гинеколозите од охридското одделение сметаат дека мора да се почитува слободата на размислување на родилката за начинот на породување но додаваат дека само таквата изразена желба согласно медицината базирана на докази не е индикација за царски рез.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top