Викендов во Охрид започна летната школа за унапредување на бизнисот

Викендов во Конгресниот Центар  во Охрид започна деветтата меѓународна летна школка, “Направи разлика, унапреди го бизнисот и помести ги границите со помош на дигиталните технологии“.

 |   | 

Викендов во Конгресниот Центар во Охрид започна деветтата меѓународна летна школка, “Направи разлика, унапреди го бизнисот и помести ги границите со помош на дигиталните технологии“.

На свеченото отворање пригодно обраќање имаше заменик градоначалникот на Охрид, Ристо Николески:

„Ми причинува чест и задоволство што по деветти пат го избравте Охрид, градот со испреплетена култура и јадрото на словенската писменост, за да ја реализирате програмата на годинешната летна школа под наслов: “Направи разлика, унапреди го бизнисот и помести ги границите со помош на дигиталните технологии“, истакна заменик градоначалникот Николески.

„Со организирање на вакви настани се дава можност на триесеттината млади студенти кои покрај од Македонија доаѓаат и од други земји во Светот да истражуваат и креираат активности во насока на откривање на придобивките на дигиталното време. Донесените заклучоци од оваа средба ќе бидат значајни за сите нас затоа што сите ние сме нераскинлив дел од дигиталниот Свет. Стануваме дел од општество во кое единствена константа се промените. Мораме да се движиме во чекор со техничките и технолошки достигнувања, а ваквите настани ни го овозможуваат токму тоа. Посакувајќи ви успешна и плодна работа во неколкудневниот престој во Охрид ви посакувам да издвоите време и да ги доловите убавините на древниот град кој нема да ве остави рамнодушни. Охрид го посетувале многу гости и јавни личности. Со себе понеле некој спомен, започнале некоја приказна и повторно се враќаат кај нас.Се надевам дека и вие ќе бидете дел од нив и дека повторно ќе се вратите во Охрид“- рече заменик градоначалникот Николески.

На летната школа „Направи разлика унапреди го бизнисот и помести ги границите со помош на дигиталните технологии“ ќе учествуваат 30 домашни и странски студенти и преведувачи. Целта на случувањето е размена на теоретски сознанија и практични искуства од областа на дигиталниот маркетинг , дигитално банкарство, дигитални иновации и логистика, дигитално општество и паметни градови.

Организатор на летната школа е Економскиот факултет од Скопје при УКИМ во соработка со студентската организација АИЕСЕК, а со поддршка на општина Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top