Вида Огњеновиќ, добитник на овогодинешната Светска награда за хумнизам

Во резиденција на МАНУ во Охрид Куќата на Уранија ,синоќа се одржа свечената церемонија на доделувањето на Светската награда за хуманизам за 2012 година. Српскиот книжевник и режисер Вида Огњеновиќ овогодинешен добитник на оваа награда.

 |  Крсте Голабовски  | 
Vida Ognenovic
Вида Огненовиќ

Вида Огњеновиќ, големата дама на балканската и светската книжевност, добитник на овогодинешната Светска награда за хумнизам. Огњенович, пресреќна што нејзините заслуги ја донесоа во друштвото на Икеда, Солженицин, Де Оливеира и другите лауреати на оваа награда.

„Па како прво многу се израдував, мислам дека и големо задоволство ми причинува фактот што претходните добитници на оваа награда се големи имиња во светот на културата во светот. Ми значи многу, прво да размислам дали навистина сум ја заслужила, и да ги пополнам оние места кои мислам дека недостасуваат во тие заслуги“, вели Огњеновиќ.

Огњеновиќ е добитник е на многу значајни книжевни и тетарски награди. Нејзината проза и драми се преведувани на англиски, унгарски, македонски и германски јазик. Нејзиниот режисерски опус пак, го чинат близу сто театарски, како и голем број на телевизиски и радио режии, од кои голем дел се базирани врз нејзините текстови. Синоќа беше промовирано и претпоследното нејзино дело, романот „Прељубници“,преведено од страна на писателот Димитар Башевски. Тој истакна дека збор за литература, многу блиска до животот, литература антрополошки заснована, каде во ценатрот на вниманието е човекот со сите негови радости и таги, очекувања, загуби, порази.

roman„ Романот претставува една анатомија на човековиот идентитет, дали традиционалните вредности го определуваат во голема мера нашиот идентитет или се тоа други околности и вредности? Книгата ја поставува оваа дилема и како секоја добра литература не дава дефинитивен одговор туку го поставува ова суштинско прашање за човековата егзистенција“, објаснува Башевски.

Охридската Академија на хуманизмот Светската награда за хуманизам, ја востанови од 2007 година  и истата се доделува на врвни фигури на светската уметност, според традицијата на Св. Климент Охридски – основоположникот на првата Средновековна школа за хуманизам во Европа. Наградата и ја врачи градоначалникот на Охрид Александар Петрески.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top