Вежба на специјални авиони за гаснење пожари

Одржан тренинг на  специјализираните воздухоплови  за помош при гасење на шумски пожари.   Над Охридското езеро беа изведени  различни начини на фрлање на вода и ниско летање над водени  површини. Кондицијата на воздухопловите и пилотите се на високо ниво и сме подготвени да делуваме каде што треба, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.  

 |  Валентина Неловска  | 

Вежба на специјални авиони за гаснење пожари. Се тренираа различни начини на фрлање на вода и ниско летање над водени површини нешто што е многу тешко во авијацијата, а беа испробувани и други техники над Охридското Езеро. Тоа е дел од планот и програмата за подготовки на Дирекцијата за заштита и спасување, информира директoрoт на дирекцијата Аднан Џафероски. Станува збор за една од најсложените опреации во аеролетањето на овие специјалните воздухплови, вели Џафероски.

„Тоа е воспоставена пракса, секоја година пред сезоната на пожари ги проверуваме способностите на воздухопловите и нашите пилотите за да бидеме спремни. Кондицијата на воздухопловите и пилотите се максимални и сме спремни да делуваме каде што треба“.

Овие воздухоплови кои ги има држвата се скап и вреден ресурс. Изминативе години покажаа дека вршат поголем дел од работата кога се работи за шумските пожари. Но, сакам да нагласам дека воздухопловите не се во функција на гасање на пожари туку се помош од воздух. Пожарите се гасат само од земја, а воздухополовите само помагаат да се намали интензитето на пожарите при гасење од земја и да се спречи ширењето на пожарот.

„Никогаш не е штета да се има повеќе ресурси но ако совесно се работи и се користат како што треба воздухопловите и се одржуваат има ефект иако се само три. Досега покажавме дека овие ресурси ги користиме добро“.

Најдобро е да не ги употребуваме воопшто, луѓето треба да имаат свест кон заштитата на шумите и природата, вели Џафеоски. Додава дека покрај овој начин на подготовки тие постојано спроведуваат и кампања за заштита од шумските пожари. Минатата година, имало многу пожари и воздухопловните летала биле ангажирани со преку 400 летови, а биле предизвикани големи материјални штети врз шумските површини.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top