Велигденски хепенинг во ОУ „Христо Узунов“

Велигденски хепенинг во ОУ „Христо Узунов“, Охрид. Шарени велигденски јајца, кошнички и ураси беа изложени на штандовите во училишниот хол, кои за нецели 10 минути беа распродадени. Завршија во рацете на родителите, бабите и дедовците и  наставниците.

 |  Николоска Биљана  | 
veligdenski hepening
велигденски хепенинг

veligdenski hepeningВо очи на големиот христијански празник Велигден во холот на ОУ „Христо Узунов“, традиционално на денешен ден, Велики Четврток, се оджа Велигденски продажен хепенинг.  Штандовите односно училишните клупи шаренеа од убавите детски изработки, малите уметнички дела и ракотворби изработени со вредните раце на учениците. Насекаде во холот на училиштето беше разлеана детската насмевка, детскиот џагор, и сите беа горди на се она што заедно го сработиле.

Организатор на настанот се учениците, вработените во училиштето, со поддршка на Советот на родителите, вели Тони Симоноски директорот на училиштето. Додаде дека, благодарение на ваквата соработка и оваа година Велигденскиот хепенинг бил многу  посетен а изработките од вештите детски раце за 10 минути биле распродадени. Симоноски кажа дека деновиве имале и едукативни предавања во однос на празникот.

veligdenski hepening„Целта беше да ги поттикниме младите да го слават овој празник да го слават Христовото воскресение, ден Велики Четврток да ја направиме таа акција каде што нашите ученици направија доста голем број на креативни творби, кои што исто така беа од продажен карактер и тоа ќе се врати во купување на нагледни средства на нашето училиште. Акцијата беше од поширок обем“ – вели Симоноски.

Чест е да се биде дел од еден работен тим кога работиме со нашите деца, а посебно за настаните кои се организираат за големите христијански празници но и за останатите активности кои се спроведуваат во училиштето вели Ивона Серафимоска од Советот на родители.

„Сите родители дома  им помагавме во изработката на прекрасните велигденски украси за овој ден децата беа пресреќни, подготовката не траеше многу. Ова не е прв пат да се случи ваква акција и да се соберат средствата  за хуманитарни цели “– изјави Серафимоска.

Сите изработки беа рачни, а за најдобрите. училиштето имаше подготвено и пофалници.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top