Василески: Гасификацијата клучна цел во програмата на ВМРО – ДПМНЕ

Една од клучните цели на ВМРО ДПМНЕ е воведување на природен гас како нов енергенс директно достапен во домаќинставата. 

 |  Николоска Биљана  | 

 

Една од клучните цели на ВМРО ДПМНЕ е воведување на природен гас како нов енергенс директно достапен во домаќинставата индустријата, малите и средните претпријатија, негова употреба во комуналните дејности , социјалните дејности, образовните и здравствените установи, и во секој дом во Македонија, кажа кандидатот за пратеник Сашо Василевски. Освен тоа што ВМРО ДПМНЕ презема активности за изградба на националниот гасоводен систем паралелно се работи и на изградба на дистрибутивните мрежи на природен гас. За развој на овие мрежи изработена е студија за изводливост во три региони за изградба на дистрибуцијата, објасни Василевски.

„Во петтата изборна единица најзначајна е изградбата на магистралниот гасовод Битола-Ресен-Охрид-Струга и магистралниот гасовод Кичево-Охрид. Со изградбата на оваа делница природниот гас станува достапен и за граѓаните на Охрид, како и за индустриските објекти и населените места во овој регион. Делницата Битола-Ресен-Охрид-Струга е со должина од 70 км чија што изградба треба да започне во 2019 година, а ќе се заврши во 2020 година. Додека со изградбата на делницата Кичево-Охрид се заокружува примарниот прстен на магистралниот гасовод во Република Македонија кој што ќе биде со должина 48 км, а изградбата треба да започне во 2020 година, а ќе заврши во 2022 година. Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ нуди мерки за субвенционирање и кредитирање на идните потрошувачи на овој енергенс. Субвенционирањето се планира да се одвива преку намалување на царински давачки, данок, мерки за стимулација за градба и користење во детски градинки, училишта, факултети и други јавни установи. Додека пак кредитирањето за воведување на природниот гас би се реализирало преку исплата за инсталациите за системот за довод на природен гас преку самата потрошувачка на истиот“– изјави Василески.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top