Варошани поделени за столпчињата околу црквата Св. Софија

Варошани поделени за столпчињата околу црквата Св. Софија.

 |  Валентина Неловска  | 
Sv Sofija
Sv Sofija

Варошани имаат поделени размислувања за поставените бетонски столпчиња околу црквата Св. Софија. Некои граѓани гледаат со одобрување и  ја поздравуваат одлуката на Локалната самоуправа. Време беше да се стави ред во овој хаос велат жителите кои го одобруваат потегот. Околу црквата се паркираа не само жителите туку гостите и персоналот од бројните кафулиња. Пристапот до црквата, но и до домовите беше невозможен за брза помош или против пожарно возило,  ги набројуваат аргументите луѓето кои се за оваа одлука. Додаваат дека  некои од соседите ги претвориле гаражите во апартмански простории па сакаат и да заработат и да имаат комодитет при паркирањето. Некои одобруваат, но и укажуваат на потребата да се најде  решение за паркинг простор.   
Sv Sofija
„Мене многу ми се допаѓа. Храмот стар 10 века поубаво изгледа без коли наоколу. Да се даде некое решение за паркирање на жителите да се направи креативна идеа,  да не ги мрзи жителите да паркираат подалеку. Има стари луѓе за нив да се среди и најде решение. Оваа иницијатива ја очекував пред неколку години. Овој храм личи без возила наоколу. Ова е храм на духовноста и културата, а за жителите да се најде решение“, кажува Сашо Вероски од Охрид.
 
Голем е бројот и на жителите кои се револтирани од оваа одлука да се  постават  бетонски столпчиња. Велат дека немаат сопствен паркинг простор и просторот  околу црквата го користеле за таа намена со години. Сега се соочени со проблем  каде да ги оставаат возилата, а при тоа да се избегнат распаравиите со соседите кој каде да се паркира.  Жителите не сакаат пред камера  да заборуваат за својот проблем, само најавуваат  петиција која ќе ја упатат  до Локалната самоуправа за да се најде прифатливо решение за сите.
stupcina
Варошани бараат просторот позади црквата да се ослободи за паркинг простор. Предлагаат да плаќаат годишен надомест за негово користење.

Петицијата е во тек и ќе биде доставена до урбната заедница Стар град. Но,од таму информираат дека до нив  сеуште нема барање од жителите на Варош.   
Од локалната самоуправа потенцираат дека акцијата за поставување  столпчиња е во координација со МПЦ. При тоа не нудат  никакви решенија за граѓаните кои се засегнати од проблемот со паркинг просторот.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top