Унеско:Никогаш не станало збор Охрид да биде избришан од листата на Унеско

Унеско:Никогаш не станало збор Охрид да биде избришан од листата на Унеско.

 |  Валентина Неловска  | 

Мониторинг мисијата на Унеско денес беше во посета на Плаошник и на Антички театар. Претходно претставниците од седиштето на Унеско се сретна со директорката на Завод и Музеј. Ања Сидоренко од претставништвото на Унеско кажа дека никогаш не станало збор за тоа Охрид да биде избришан од листата на Унеско на заштитено природно и културно светско наследство. Сидоренко за денешната посета во регионот истакна дека е техничка со која ги проверуваат состојбите на објектите врз кои се врши конзервација, а се дел од културното наследство на сите компоненти. Остваривме средба со цел да го видиме напредокот и напорите на локалните и националните власти во заштитата на културното наследство и спроведувањето на забелешките на Унеско на 40 седница на Комитетот за светско наследство во Истанбул мината година. За увидот ќе го известиме Комитетот на Унеско, кажа Сидоренко.

„ Ние сега само вршиме надзор подоцна ќе имаме состаноци тогаш ќе ги презентираме нашите препораки. Во овој момент неможеме да кажеме. Не сме дојдени само за националниот парк туку вршиме мониторинг на целото културно и природно наследство и како тоа се заштитува , сите активности кои се преземаат“, истакна Сидоренко.

Тања Паскали Бунташеска директор на Завод и музеј кажа дека средбата со колегите од Мониторинг мисијата од Унеско поминала успешно. Немале забелешки на она што им го презентирале, а им презентирале документи за она што го работат. Разговарале за нивните надлежности во заштита на културното наследство во 4 општини Охрид, Струга, Дебрца и Вевчани. На прашањето дали по посетата на Комисијата на Унеско Охрид може да се најде на црната листа на загрозени подрачја, Паскали Бунташеска со дециден одговор.

„Мислам дека имаме многу сработено во последните години и не гледам воопшто зошто Охрид би се нашол на црната листа на Унеско“, кажа директорката на Завод и Музеј.

Директорката на Завод и Музеј вели дека ги испочитувале препораките на Унеско и работат според сите Закони.

Мониторинг Комисијата ќе оствари средба и со претставници од невладиниот и граѓанскиот сектор. По посетата на регионот на Комисијата од Унеско ќе следува извештај од кој ќе се види дали ќе има забелешки и дали институциите ги испочитувале дадените препораки од Комитетот за светско наследство.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top