Укинување на полицискиот час од 16-ти јуни, дозвола за концерти и забави на отворено

Комисијата за заразни болести предлага укинување на полицискиот час од 16-ти јуни, да нема ограничувања за гости на свадбените прослави, да се дозволи организација на настани, концерти и забави по локалите на отворено.

 |   | 

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека Комисијата за заразни болести на утринскиот состанок донесе нови одлуки.

Се предлага од среда, 16-ти јуни, целосно да се укине полицискиот час, да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави и да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1000 лица.

Предлог мерките ќе бидат доставени до Кризниот штаб на усвојување.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top