• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • УЈП: Корисниците кои имаат сметки во Охридска банка да извршат ажурирање во апликацијата МојДДВ

УЈП: Корисниците кои имаат сметки во Охридска банка да извршат ажурирање во апликацијата МојДДВ

Управата за јавни приходи апелира до граѓаните кои во апликацијата МојДДВ имаат внесено трансакциска сметка од Охридска банка АД Скопје да ја заменат со новата трансакциска сметка, поради статусните промени по нејзино присоединување кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.

 |   | 

Ажурирањето се врши во самата апликација МојДДВ.

– Граѓаните на брз, лесен и едноставен начин може да ја сменат трансакциската сметка со тоа што треба да се најават во апликацијата МојДДВ и да го одберат прозорчето профил, кое ќе се отвори и во полето за трансакциска сметка ја впишуваат новата трансакциска сметка и го одбираат прозорчето зачувај. Заради зачувување на измените по извршеното ажурирање ја впишуваат и лозинката на апликацијата МојДДВ, информираат од УЈП.

Исплатата на парични средства како дел од ДДВ искажано во фискалните сметки скенирани во тримесечјето април, мај и јуни оваа година ќе се врши во текот на месец август, а заради непречено одвивање на исплатата потребно е навремено ажурирање на податоците.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top