Угостителските цени исти како и лани

Охридските угостители нема да ги намалат цените во своите објекти.

 |  Валентина Нелоска  | 
turisti
туристи

За нив е неисплатливо да се нудат поевтини услуги и производи иако тоа од нив го побарал првиот човек на Охрид. Иако, градоначалникот Петрески укажал на потребата од намалување на цените за да има поголема посетеност на гостите, за угостителите тоа не е исплатливо.

Ohrid„Еснафот на угостителите има свои причини зошто во престојната туристичка сезона нема да ги намалат цените на угостителските производи“ вели познатиот охридски угостител Љупчо Патчев од ресторанот „Далга“.

„Сезоната е кратка и ние мора да заработиме, ако идат гости преку целата година ние  би ја намалиле цената и до 40 -50 проценти, но за да опстаниме мора да ги држиме овие цени“ кажува тој.

Патчев нагласува дека нивниот еснаф побарал од Владата да го намали данокот на додадена вредност, но засега од таму нема конкретен одговор. Нешто се шушка ама дали ДДВ-то ќе се намали за време на сезоната или  по сезоната за угостителите е сеуште непознато додава Патчев.

Додека Владата сеуште нема изготвено стратегија за справување со економската криза, општинскиот совет во декември 2008 година, донесе и изгласа програма за  заштита од економската криза. Се намалија општинските даноци и такси во просек за 50 насто, а во намалувањето на таксата е вклучено и изведувањето на музика во јавните локали.

 

{loadposition content9} 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top