Туристичките работници очекуваат гости и во месец септември

Се надеваат дека сезоната ќе продолжи со  убавото септемвриско време и пролонгирањето на почетокот на школската година. Задоволни се од досегашната посетеност на домашните туристи и исполенетоста на капацитети во изминатите 40 дена од оваа крајно неизвесна  летна сезона.

 |  Валентина Неловска  | 

Туристичките работници очекуваат да продолжи туристичката сезона и во месец септември. Филип Стефаноски, од ТА „ДМС Балканс“ очекува дека сезоната ќе продолжи до половина од овој месец. Можеби и по 1 октомври. Стефаноски смета дека тие како сектор треба да понудат поприфатливи цени за домашните туристи. Продолжувањето на сезоната го гледаат во убавото септемвриско време и во пролонгирањето на почетокот на школската година.

„За туристичкиот сектор е поволно што учебната година ќе почне од 1-ви октомври. Со тоа ќе се продолжи туристичката сезона ако нема рестрикции од Министерството за здравство. Ние како Туристички агенции и хотели ќе се потрудиме да одработиме нешто повеќе. Сезоната би требало да заврши околу 25 септември бидејќи домашните гости и во други години доаѓаат до тој период“.

Туристичките работници се задоволни од досегашната посетеност од домашните туристи на охридско – струшкото крајбрежје. Сместувачките капацитети биле исполенети во изминатите 40 дена. Се барало соба повеќе и во хотелите и во приватното сместување од мал обем. Досега само 5 проценти од посетителите биле странски гости, посочува Крсте Блажески од Хотам .

„По бројот на ноќевања се остварени максимален број со оглед дека сезоната почна подоцна . Имаше големи неизвеснсоти не моеже на време да се ангажираат вработени, но се се среди и сезоната добро се извади. Пропуст ни се свадбите кои с е прават во Охрид и Струга. Изразено во порции се движи од 300.000 до 400.000 порции тоа е голем приход за објектите кои прават свадби“.

Туристичките работници апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита за да се спречи ширењето на короната и што побрзо да се врати животот во нормален тек. Во спротивно овој сектор ќе се соочуи со сериозна економска криза во услови кога земјата е затворена за странски гости. Доколку продолжи пандемијата и се затворени границите стравуваат од неповолен туристички период во зимските месеци. Тоа ќе предивика намален обем на работа и приходи кои пак ќе повлечат затворање на работни места и намалување на платите на вработените во овој сектор.

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top