Тунтев: Гасификација на Охрид

Гасификација на Охрид за почиста средина и помали трошоци за греење. Ова е еден од проектите на кандидатот за градоначалник од СДСМ и на неговиот тим кој денес беше тема на прес конференција.Со гасификацијата на Охрид, придонесуваме за намалување на огромните сметки за електрична енергија, со што секој граѓанин заштедува значителни средства во семејниот буџет, рече  Томислав Тунтев, пратеник од СДСМ.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Домашниот буџет на секој охриѓанец е оптоварен со големи трошоци за електрична енергија за загревање на своите домови. Ние ќе ставиме крај на тоа бидејќи планираме гасификација на Охрид, беше истакнатао на денешната прес конференција на СДСМ.

Со гасификацијата на Охрид, придонесуваме за намалување на огромните сметки за електрична енергија, со што секој граѓанин заштедува значителни средства во семејниот буџет. За здрава животна околина, пониски трошоци и економски развој на општината ќе донесеме гас до секое училиште, амбуланта, детска градинка, институција, до фирмите и до секое домаќинство во Охрид. Гасификацијата на Охрид значи и подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух кој секојднебно го дишиме, рече пратеникот од СДСМ, Томислав Тунтев.

Гасификацијата значително ќе го подобри стандардот на граѓаните, а ќе ја зголеми и конкурентноста на домашните компании и позитивно ќе влијае врз атрактивноста на Македонија како инвестициска дестинација, рекоа од СДСМ.

Имаме достапен и отворен партнер во Владата на РМ за реализација на овој важен инфраструктурен проект. Добиваме поддршка во мобилизирање на професионалниот и стручен кадар во земјава кој ја планира енергетската стабилност на државава, рече Тунтев.

Тој додаде дека Охрид од град кој традиционално се затолува на огревно дрво ќе прерасне во град каде ќе се спроведе гасификација. Најпрво во поголемите институции и објекти, а потоа постепено и во индивидуалните згради.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top