Трето порибување на езерово со пастрмка оваа година

На порибувањето, покрај македонскиот министер за земјоделство Љупчо Димовски, присуствуваше и неговиот српски колега Саша Драгин. Македонскиот министер потенцира дека Охридската пастрмка мора да се заштити пос екоја цена.

 |  Крсте Голабовски  | 
pastrmka
пастрмка

pastrmka400 илјади парчиња подмладок на пастрмка  пуштени во водите на Охридското Езеро. На ова трето по ред порибување, присуствуваше и српскиот министер за земјоделство, Саша Драгин кој изјави дека земјите од регинот мора да соработуваат во заштитата на екосистемите, посебно во период кога климатските промени го покажуваат својот гнев.

Македонскиот министер согласен со неговиот српски колега, додаде дека се прават напори со албанската страна и нивното Министерството за екологија со цел да успешно да се спроведе заштитата на овој ендемски вид риба. Министерот ги отфрли обвинувањата во врска со лошиот квалитет на подмладок со кој се врши порибувањето. Димовски додаде дека наскоро ќе биде решен и проблемот со исплатата на рибарите кои учествуваат во порибувањата.

Доктор Зоран Спиркоски од Хидрбиолошкиот завод информира дека порибувањето се врши со здрав подмладок. Спиркоски исто така кажа дека оваа институција и покрај финансиските проблеми во нит еден момент не останала без храна за подмладокот со кој се прави порибувањето.

Покрај денешните 400.000 парчиња подмладок, планирано е порибувањето со пастрмка да продолжи кон крајот на септември кога е планирано да се пуштат еден милион парчиња подмладок.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top