Трајна вредност

Биста на лауреатот Прличев. Трудот на ликовната секција ги оправдува активностите по повод празникот.

 |  Билјана Николовска  | 
Bista
Биста

tabla so slikiОдбележувањето на патронот на ОУ “Григор Прличев”, годинава ќе биде спектакуларно. Охрид деновиве во знакот на чествувањето на делото на Прличев. Годинава се навршуваат 150 години од Прличевото поднесување на поемата за добивање на Ловоровиот венец во Атина. А  во ОУ „Григор Прличев“, веќе два месеци течат подготовките за патрониот празник на училиштето, 6 февруари. За протоколарниот дел по повод одбележувањето на патронот кажа директорот на училиштето Сашо Ставрески.
„Низа активности ќе бидат дел од богатата програма која нуди интересни содржини, што ќе го привлечат вниманието на гостите “, вели Ставрески.
Атракција во училиштето годинава ќе биде, откривањето бистата на лауреатот Прличев.
„Вештите раце на децата од ликовната секција Ема Ошавков и Целеска Мартина под менторство на професорот Ристе Пуцоски многу придонесоа за тоа“, вели Ставрески.
Тој додава дека секогаш ги поддржуваат со сите средства ентузијастите и талентите кои со својот труд придонесуваат во создавањето на  трајни вредности во училиштето.
При изработката на бистата учениците секојдневно се сликале и тие слики се ставени во рамка. Впрочем ова училиште вложува максимални напори да го зачува пиететот што досега гордо го носи. За тоа сведочат и бројните достигнувања како што е „Св Климентовата награда“ за образование на град Охрид, постигнување солиден општ успех, изработка на амблем на училиштето, активно вклучување на родителите во животот и работата на учениците, изградба на спортски терени и др.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top