Тешка сообраќајна несреќа на патот Ресен-Охрид

Четири лица се повредени во тешката сообраќајна незгода која вчера околу 18:50 часот се случи на магистралниот пат Ресен-Охрид, во близина на превојот „Буково“.

 |   | 

Четири лица се повредени во тешката сообраќајна незгода која вчера околу 18:50 часот се случи на магистралниот пат Ресен-Охрид, во близина на превојот „Буково“.

– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Пежо“, со битолски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(26) од битолското село Кравари и патничко возило „Фиат пунто“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.Н.(48) од селото Златари, ресенско. Во незгодата возачот Т.Н. и малолетна сопатничка од истото возило се здобиле со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобиле уште двајца сопатници од двете возила, С.Н.(44) од селото Златари и Н.Б.(32) од селото Раштани, констатирани во болницата „Св. Еразмо“, Општата болница во Охрид и во Клиничка болница – Битола, информираат од МВР.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top