„Терем“ квартет вечерва на програмата на „Охридско лето“

Фестивалската програма на фестивалот продолжува вечерва во 21 часот во црквата „Св. Софија“, со концерт на фолклорно-инструменталниот квартет „Терем“.

 |   | 

Фестивалската програма на фестивалот продолжува вечерва во 21 часот во црквата „Св. Софија“, со концерт на фолклорно-инструменталниот квартет „Терем“.

Андреј Константинов-сопран домбра, Андреј Смирнов- бајан/ хармоника, Алексеј Барсчев –алт домбра, Владимир Кудрјавчев на контрабас, во 1986 година како студенти од фолклорно-инструменталниот оддел на државниот конзерваториум „Николај Римски-Корсаков“ во Санкт Петербург, го основаа квартетот „Терем“ низ годините и станува еден вид симбол на градот и амбасадор на Руската култура во светот.

Според руската новинарска фела- Квартетот „Терем“ заедно со музејот „Ермитаж“, театарот „Марински“ и Рускиот музеј се главни претставници на културниот живот на Санкт Петербург. Првиот концерт квартетот го реализирал на 26 ноември 1986 година, и овој датум неговите членови го сметаат за роденден на ансамблот. Квартетот „Терем“ е своевиден руски феномен, уникатен ансамбл кој руската фолклорна музика ја издигнува до за неа непознати висини.

Неверојатната виртуозност, исклучителна техничка подготвеност, неприкосновен стил на интерпретација и оригинални аранжмани го прават овој квартет единствен од ваков вид во Русија. Секој член на квартетот е истовремено композитор, аранжер, импровизатор, но музиката која ја свират произлегува од нивната заедничка креативност. Музичарите на сцената честопати излегуваат од рамките на „стандардниот концерт“ правејќи го истиот поинакво, театарско доживување креирајќи дијалог со публиката. Нивните настапи го рефлектираат живеењето и музиката на 21 век- позитивно, енергично, полно со радост и љубов што говори за фундаменталните вредности на квартетот „Терем“ и нивната желба да го направат светот поубаво место.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top