Тепачки и агресивно однесување во Охрид и Струга-СВР БИЛТЕН

63-годишник од Охрид физички нападнал малолетник, 41-годишен охриѓанец агресивно се однесувал кон членови на семејството, тепачка во Струга. Погледнете го најновиот СВР Билтен.

 |   | 

На 19.08.2021 година во 22.15 часот, на улицата „Партизанска” во Охрид, Љ.К.(63) од Охрид го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз малолетник. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.08.2021 година во 15.00 часот, во семејниот дом на И.Д.(41) од Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со негово агресивно однесување кон членовите на неговото семејство и со оштетување на предмети во домот. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.08.2021 година во ОВР Струга, приведен е М.Ч.(41) од Струга, кој претходно, околу 22 часот, на улицата „ЈНА” во Струга, го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз С.С.(44), од Струга. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top