Тепачки, агресивно однесување кон полициски службеник-СВР БИЛТЕН

Физички пресметки во Охрид и Струга, агресивно однесување кон полициски службеници. Погледнете го најновиот СВР Билтен.

 |   | 

На 09.08.2021 година во СВР Охрид, приведен е З.Д.(55) од Охрид кој претходно, по нарушен јавен ред и мир на плажа на Охридското езеро, агресивно се однесувал кон полициски службеник кој преземал службени мерки. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 09.08.2021 година во 17,40 часот, на плажа на Охридското езеро нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две малолетни лица, во која се вклучиле В.К.(35) од една и А.Ј.(49) од друга страна. По целосно документирање, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

На 09.08.2021 година во 13.40 часот, во ОВР Струга пријавено е нарушување на јавниот ред и мир со физички напад извршен од Е.П. врз С.И. (40), двајцата од Струга. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top