Тепачка, физички напад врз полициски службеници-СВР БИЛТЕН

Охриѓанец со привремен престој во Австрија, физички нападнал 78-годишен маж од Охрид. Во сендвичара на ул. Димитар Влахов настанл пожар во кој нема повредени лица. Погледнете го најновиот СВР Билтен.

 |   | 

На 17.08.2021 година во 16,40 часот во СВР Охрид пријавен е физички напад извршен од С.Р.(66) од Охрид, со привремен престој во Австрија, врз Р.У.(78) од Охрид. Напаѓачот е приведен и против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.08.2021 година околу 17 часот, во сендвичара лоцирана на улицата „Димитар Влахов” во Охрид настанал пожар во кој, нема повредени лица. Со интервенција на Територијалната противпожарна единица Охрид, пожарот е целосно изгаснат.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.М.(26) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице во вршење на службени дејствија”. Тој, на 29.07.2021 година во 02.20 часот се однесувал агресивно кон полициски службеници, а потоа и физички ги нападнал.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top