Љубителите на одличната храна, викендов ќе уживаат во Taste Ohrid 2018

Шефови со Мишелин ѕвезди, мастер класови за студентите и гастрономите од градот и менаџерите на угостителските објекти како и модерни менија во угостителските објекти во Охрид се само дел од манифестацијата „Taste Ohrid 2018“.

 |   | 

Љубителите на одличната храна, викендов ќе уживаат во Taste Ohrid 2018, настан кој ќе се одржи на повеќе локации низ Охрид. Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски истакна дека првото издание на „Taste Ohrid“ првенствено ќе има за цел, Охрид да се претстави и како гастрономска дестинација.

„Среќен сум што тука се пристуни повеќе шефови на кујна кои своите знаења ќе ги пренесат и врз нашите готвачи, со што ќе придонесат кон остварување на оние две основни цели кои ги споменавме во организирање на оваа манифестација „Taste Ohrid“, а тоа се продолжување на туристичката сезона и збогатување на туристичката понуда и формирање на еден нов сегмент на туристи, туристи кои би дошле во Охрид за испробување на гастрномските специјалитети“, рече Јован Стојансоки – Градоначалник на Општина Охрид.

Италијанскиот шеф со Мишелин ѕвезда, Џорџо Дијана, за прв пат ќе гостува во Македонија, а како дел од програмата е предвидена обука на локалните готвачи на Факултетот за Туризам и Угостителство – Охрид, Гала вечера и презентација и дегустација на разни локални и морски специјалитети за посетителите на фестивалот.

„Главната цел поради која сме тука е да демонстрираме како со употреба на локални намирници, можеме да приготвиме модерен оброк. За да направите добар оброк, не ви се потребни многу нешта. Најважна е љубовта и страста кон тоа што ќе го приготвувате, останатото ќе се дојде.Па така во наредните два дена ќе ги користиме само намирниците кои ќе ги најдеме во Охрид и ќе ви покажеме како соодветно може да се приготват“ објасни Џорџо Дијана –  шеф со Мишелин ѕвезда.

Раду Зарнеску – готвач Романија, кој инаку е претседател на ЕuroTec , романско здружение на гастрономи, кое пак е дел од европското здружение на гастрономи, истакна дека неговото прво доаѓање во Охрид пред три години, кога сакал да го почувствува вкусот на Македонија, била една од причините за неговата денешна посета.

„Она што за нас е многу важно е да се бориме со глобализацијата во гастрономијата токму преку одржување на ваквите настани со кои се промовираат локалните специјалитети подготвени со локални производи и намирници, зошто за туристите во светот, гастрономијата е на трето место во откривањето на една туристичка дестинација, после сместувањето и археолошките и географските знаменитости“, објасни Раду Зарнеску – готвач Романија претседател на FoodTec.

Настанот „Taste Ohrid, претставува едно големо гастрономско освестување, настан преку кој од една страна ќе помогне во усовршување на локалните готвачи во презентирање на локалните специјалитети, а од друга страна да ги едуцира и домашните и странските туристи во подигање на гастрономските побарувања  во Охрид, вели Ангела Василеска професор на ФТУ од Охрид.

„Ќе се одржат два мастер класови во кујната на нашиот факултет од двајцата готвачи, додека паралелно и мастер класот на шефот Џорџе Костиќ,  кој се однесува на менаџерите и е насловен како „Хотел, концепција успех“, кажа Aнгела Василеска професор на ФТУ од Охрид.

Најавено е присуството на 30 професионални готвачи и 30 менаџери. Ќе биде промовиран и новиот коктел наречен „Охридско зајдисонце“, а во рамките на неколкудневниот настан ќе бидат организирани и две велосипедски тури , „Tour the lake, respect the lake“ и „Spiridon adventure“, организирани од велосипедскиот клуб Екодром. Настанот е организиран со помош на Општина Охрид и ЕДЕН – туристички кластер за југо-западна Македонија, а поддржан од Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top