Таеквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ” викендов на „Бугарија Опен“

По минатонеделниот онлајн натпревар „Балткуп Опен 2021“, викендов нашите теквондисти од „ХВА РАНГ ИТФ“ ќе настапат на „Бугарија Опен“

 |   | 

По минатонеделниот онлајн натпревар „Балткуп Опен 2021”, на кој натпреварувачите освоија 9 медали, викендов после долго време теквондистите од „ХВА РАНГ ИТФ“ ќе настапат во живо на Меѓународниот А класа Таеквондо ИТФ натпревар „Бугарија Опен” што ќе се одржи во Пловдив.

После нецели две години повторно се враќаме на татамите и се надеваме дека ќе успееме да освоиме некој медал, вели Марјанчо Лазаревски претседател и тренер на клубот.

– Познато дека ни е дека во Бугарија подолго време течат натпреварите и дека овој е еден од најсилните натпревари во југоисточна Европа, но тоа нема никакво влијание на нашите натпреварувачи, се надевам дека нивното искуство се уште е на солидно ниво, подготовките течеа со добро темпо, па се надеваме на успех секако. Исто така еден од најдобрите поединци на Македонија, Давид Велковски кој 2019 стигна до полуфинале на Светското првенство, ќе учествува со повреда и во повозрасна категорија –сениори, каде го чека тешка кокуренција. И овој пат изразуваме најголема благодарност до нашиот генерален спонзор „ПН МЕТАЛ”, без чија помош не би можеле да учествуваме на овие врвни натпревари и да освојуваме награди.-истакна Лазаревски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top