• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • СВР Охрид доби вредна донација за заштита на полциските службеници во борбата против Ковид 19.

СВР Охрид доби вредна донација за заштита на полциските службеници во борбата против Ковид 19.

Донацијата е од Програмата ИПА на ЕУ за прекугранична соработка со Албанија. Делeгацијата на ЕУ има обезбедено неповратни средства за помош на здравствениот сектор и економијата во земјава, а има и поволни средства за заем што може да ги користи земјава како предпристапна членка на како и остантите земји од ЕУ.

 |  Валентина Неловска  | 

Доделена донација за СВР Охрид во висина од 10.000 евра за заштита на полциските службеници во борбата против Ковид 19. Донацијата е од Програмата ИПА на ЕУ за прекугранична соработка со Албанија и се состои од заштитни маски за повеќекратна употреба, нараквици и дезинфекциони средства, информираше Горан Милески министер за Локална самоуправа.

Ние сметаме дека е неопходно да ги заштитиме полицајците кои се на првата борбена линија по здравствените работници. Нашата полиција во регионот на СВР Охрид ги опфаќа Охрид, Струга , Кичево и Дебар и обезбеди 2500 заштитни маски за повеќекратна употреба , 38.000 нараквици и 100 антисептик гелови од 500 мл. Сметаме дека за овој период ќе се доволни да им излеземе во пресрет. Како ќе се растеретуваат мерките ќе се отворат граничните премини и да се обезбедат со заштитна опрема, “ вели Милески.

Фрек Јанмат раководител на секторот за економски прашања и преку гранична соработка од Делeгацијата на ЕУ присуствуваше на предавањето на донацијата. Кажа дека ова е само еден дел од обезбедената помош на ЕУ. Има поволни средства за заем што може да ги користи земјава како предпристапна членка како и останатите земји од ЕУ, но на располагање има и неповратни средства за помош.

„Има и други фондови за здравстениот сектор и за социјално – еконoмските консеквенци од кризата. Имаме 66 милиони евра грант како подарок за земјата  кои не мора да ги врати. Дел се за здравствениот сектор , дел за надминување на економската криза . Формирани се програми кои ќе ги стимулираат невработеноста и работата на микро и малите претпријатија “, изјави Јанмат.

Илија Милески, началникот на СВР Охрид упати благодарност за донацијата која ќе им биде од голема помош за заштита на полициските службеници од регионот. Овој хуман и солидарен гест е вреден за почит, рече Милески.

„На овој начин практично ја покажавте грижата за здравјето на полициските службеници и поддршката кои деноноќно се на терен и се ангажирани на спороведување на бројни безбедносни мерки за заштита на граѓаните од ширење на Ковид 19 ,“истакна началникот на СВР.

Албанија доби 150 пакети со храна наменти за исто толку социјално загрозените семејства погодени од Ковид 19 на барање на нашиот сосед преку донацијата од Програмата ИПА на ЕУ за прекугранична соработка на двете земји.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top