• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Свечено отворање на иновативен хаб во рамките на Факултетот за туризам и угостителство- Охрид

Свечено отворање на иновативен хаб во рамките на Факултетот за туризам и угостителство- Охрид

Станува збор за презентација на јавниот повик за финансирање на проекти за новоосновани трговски друшта „Старт-ап„ и „Спин-оф“, од југозападниот регион.

 |   | 

Станува збор за презентација на јавниот повик за финансирање на проекти за новоосновани трговски друшта „Старт-ап„ и „Спин-оф“, од југозападниот регион.

На настанот зборуваа, директорот на ФИТР г.Јован Деспотовски и Проф. д-р Сашо Коруновски, ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола.

Ова е дел од проектот „Иновативен Еко-Систем во областа на прекуграничната соработка“, финансиран од Европската Комисија, застапувана од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија во кој покрај ФИТР, се спроведува во соработка со Национален центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ), EuroPartners Development и National Agency of Scientific Research and Innovation (ARTI).

Проектот се состои од воспоставување на иновациска инфраструктура за трансфер на „know-how“ технологии помеѓу старт-апи и МСП во областите на прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија. Главната цел на предложената акција е да помогне во воспоставувањето на прекуграничен иновативен екосистем за МСП и старт-апи во рамките на постојниот образовен и бизнис контекст.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top