Стопиран Пописот 2011

Државните инструктори за овој прекин разбрале утрово преку СМС порака.

 |  Билјана Николоска  | 
popis
popis

Државните инструктори за овој прекин разбрале утрово преку СМС порака. Синоќа сите членови на ДПК поднесоа неотповиклива оставка и ги повикаа сите учесници во Пописот 2011 да ги сопрат сите активности.

popisЗамрзнат е процесот на Пописот 2011 год. На само три дена пред законски утврдениот рок за завршување на попишувањето, членовите на Државната пописна комисија поднесоа неотповиклива колективна оставка до Владата. Се чека реакција од Власта. И додека Власта излезе со став граѓаните на Охрид со поделени ставови околу спроведувањето на пописната постапка. Едни сметаат дека конците ги држи актуелната Влада, наспроти оние кои сметаат дека постапката е инструирана од опозицијата. Дел од нив веќе се попишани, а дел чекаат.

Несогласувањата во врска со толкувањето на Законот за попис, како и методологијата воведена од страна на Државниот завод за статистика е причина за колетивната оставка на Државната пописна комисија (ДПК).

Општинската пописна комисија во Охрид чека инструкции за понатамошно делување. Како што од таму не информира Петре Кривчевски, утринава од Бирото за попис добиле само СМС порака да не се задолжуваат со пописните материјали. Според претседателката пак на општинската комисија, Весна Лекоска, во текот на денов, Државната пописна комисија преку и-мејл ги насочила да чекаат натамошни инструкции од Државниот завод за статистика. Како што веќе во неколку наврати информиравме пописот на населението во Охрид започна со задоцнување и низа проблеми, поради недоволен број на пријавени реонски попишувачи Албанци, а на нивно место беа поставени припадници од останатите етнички заедници. Останува да видиме што ќе одлучи Владата дали ќе се избираат нови членови на ДПК кои ќе го докомплетираат попишувањето и дали ќе има итни измени во Законите кои го регулираат овој процес.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top