• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Стојаноски: Мирно и достоинствено празнување на големиот христијански празник Богојавление

Стојаноски: Мирно и достоинствено празнување на големиот христијански празник Богојавление

Мирно и достоинствено празнување на големиот христијански празник Богојавление, Водици најави градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски. Подготовките за празникот се во полн ек.

 |  Николоска Биљана  | 

Течат подготовките за организирање на најмасовната црковно, народна манифестација за празникот Богојавление, Водици во Охрид. Традиционално и годинава ќе бидат одржани сите верски обреди: утринските богослужби почнуваат во 7 часот, во 8 и 30 се литургиите, а во 9 и 45 тргнува литијата од сите парохиски цркви во кои ќе се богослужи, према градското пристаниште каде во 10 часот ќе се положи крстот во водите на Охридското Езеро, информираше Илија Ристески претставникот од МПЦ.

„Пријавување ќе има во сите парохиски цркви во Охрид во кои ќе има богослужби, сите заинтересирани капачи кои сакаат да се пријават ќе можат да земат прогами и ќе добијат маици од црквите каде што ќе се пријават. Пријавувањето ќе започне од понеделник“ – вели Ристески.

Претседателот на организациониот одбор за Водици Љупчо Грданоски, истакна дека подготовките посебно во технилчиот дел биле во полн ек.

„Од украсување на светилникот, канделабрите и целиот простор каде што се одржува манифестацијата, расчистување на Езерото од отпадот кој што во меѓувреме е создаден. Се надевам дека и годинава ќе имаме масовна посетеност и ветуваме дека се ќе биде во најдобар ред“ 

Агендата на Локалната самоуправа во месецот со најголем број празници е богата и набиена. Градоначалникот Јован Стојаноски вели дека посветуваат големо внимание во организацијата на секој празник, со цел, се да протече во најдобар ред. Тој очекува добра свеченост и за празникот Богојавление.

 „Подготовките течат сосема нормално, веќе почетокот на наредната недела во вторник имаме уште еден состанок на организациониот одбор, вчера имавме средба и со Владиката Тимотеј од МПЦ како главен организатор на црковниот дел на овој празник, а за граѓанскиот дел кој треба да биде искористен и за промоција на Охрид исто така подготовките се финални“ .

Инаку, следниот ден, односно на 20-ти јануари на Сараиште ќе се одбележи Денот на рибарите, со традиционалната рибна чорба, пача, која ќе ја подготвуваат учениците од угостителското училиште. Организаторите сеуште го чекаат списокот на официјални гости и од државниот врв и од други делегации од странство. Твм дознава дека премиерот Зоран Заев за празникот Богојавление Водици ќе присуствува на фрлањето на крстот и во Охрид и во Струга

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top