Што ја загадува охридската река Сушица?

Жителите од населбата „Црногорци“ се жалат на загадување од несoодветно спроведена канализациона цевка во реката Сушица.

 |  Голабовски Крсте  | 
Sushica
Сушица

Група граѓани од населбата „Црногорци“ реагираа до редакцијата на ТВМ Tелевизија, во врска еколошки проблем, кој се однесува на загадувањето на реката Сушица.

SushicaВелат дека во близина на амбулантата, голема канализациона цевка се влива во реката, истата ја загадува, а по течението на реката се шири и непријатна миризба.

Загрижените граѓани во дописот до нашата редакција, информираат дека реагирале до инспекциските служби во локалната самоуправа, од каде излегле на терен и востановиле дека водата е хемиски и микробиолошки загадена и тоа од погоните на А.Д. „АМАКС“.

Повеќе информации за овој проблем, проследете во денешното издание на дневникот на ТВМ Телевизија во 17:30.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top