• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Средното угостителско училиште од Охрид воведува стипендија за учениците кои ќе се запишат во прва година

Средното угостителско училиште од Охрид воведува стипендија за учениците кои ќе се запишат во прва година

Со стипендии за учениците кои ќе се запишат во прва година и промотивни спотови угостителското училиште од Охрид годинава привлекува ученици. Учениците од другите градови добиваат бесплатно сместување во комплетно реновираниот ученички дом во склоп на училиштето.

 |  Соња Рилковска  | 

Со стипендии за учениците кои ќе се запишат во прва година и промотивни спотови угостителското училиште од Охрид годинава привлекува ученици. Учениците од другите градови добиваат бесплатно сместување во комплетно реновираниот ученички дом во склоп на училиштето.

Со промотивни спотови преку социјалните медиуми стручното средноугостителско училиште од Охрид привлекува ученици. Новитет е годинава што за прв пат воведена е стипендија за учениците, кои ќе се запишат во прва година од охридскиот регион.

Во стручното училиште се образува дефицитарниот кадар наденешницата во туризмот: хотелскоугостителски техничар, туристички аниматор, келнер, готвач, слаткар, техничар за рурален туризам.

„Обезбеденисе 20 стипендии за најдобрите ученици, кои ќе се запишат во прва година. Ова е една новина во нашето училиштемислиме дека ќе имаме ќе ги мотивираме учениците и ќе придонесеме занадополнување на дефицитарниот кадар во угостителството и туризмот да запишемешто поголем број ученици кои понатака ќе им се потребни на Охрид“, вели Марјан Радески директор на „Ванчо Питошески“ Охрид.

Учениците од другите градови добиваат бесплатносместување во комплетно реновираниот ученички дом во склоп на училиштето.

„Ученичкиотдом располага со 120 кревети интересно еда се напомене што во учеичкиот дом бесплатно е сместувањето. Ученците добиваат три оброци в денот и комплетно се обезбедени има чуварии воспитувачи кои се грижат за учениците. Тоа е една голема поволност за учениците кои доаѓаат од другитеградови“, додава Радески.

Учениците покрај теоретскиот дел имаат многу практична работа во кујната воучилиштето, но и обуки надвор од државата преку проекти од Еразмус програмата.

Најголем интерес за запишување во уготителското училиштево Охрид има кај ученици од Прилеп, Кичево и Дебар.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top