• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ СО МЕНАЏЕРИТЕ НА БИБЛИОТЕКИТЕ ОД ОХРИД И СКОПЈЕ

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ СО МЕНАЏЕРИТЕ НА БИБЛИОТЕКИТЕ ОД ОХРИД И СКОПЈЕ

Претседателката на општинскиот Совет, Живка Ангелоска и директорката на охридската библиотека „Григор Прличев“, Гордана Змејкоска  денеска во Охрид остварија работна средба со директорката на Народната и Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје, Сенка Наумоска.

 |   | 

На состанокот се разгледуваа можностите за зголемување на соработката меѓу општина Охрид и охридската библиотека, а се разговараше и за просторното проширување на библиотеката, како и за воведување на самоуслужен систе и привлекување на читатели од други градови од  државава. Со цел да не бидат маргинализирани лицата со посебни потреби интенција на охридската библиотека е воведување на аудио книги.

На средбата претседателката Ангелоска и директорката Змејкоска беа информирани дека наредниов период американската амбасада ќе додели грант на седум библиотеки од државава, средства што ќе бидат наменети за подобрување и модернизација на условите за работа во овие културни институции.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top