Спорна местоположбата на тезгите за свеќи и цвеќе на Градски гробишта

Објектите за услужна дејност, продавниците за свеќи и цвеќе, нема да бидат отстранети од влезот на Градските гробишта, иако јавното претпријатие  доби решение од Државниот комунален инспекторат истите да бидат отстранети. Директорот ќе бара дополнително точно и децидно толкување на Членот од Правилникот од Законот за гробишта и пограбални услуги кој се однесува на отстранување на објектите за услужна дејност.

 |  Николоска Биљана  | 
grobista
гробишта

tezgi grobistaДржавниот комунален инспекторат по претходно извршен инспекциски надзор на ЈП „Градски гробишта“, побара отстранување на продавницата за погребална опрема и објектите за услужна дејност. Првиот човек на ЈП Зоран Симоноски рече договорот кој што го затекнал за закуп со приватниот оператор кој што е сместен во една од нивните простории, за нив бил неприфатлив и штетен и од негова страна бил раскинат еднострано. Додава дека работата е на суд и за брзо време чекале пресуда која што ќе ја почитуваат. А што се однесува до отстранувањето на објектите за услужна дејност, продавниците за свеќи и цвеќе, Симоноски кажа дека немаат намера да ги отстранат и ќе побараат од Државниот комунален инспекторат да го преиспитаат и повлечат делот на решението кој се однесува за овие услужни дејности.

clen od zakon „Ќе побараме точно и децидно толкување на членот, а јас лично мислам дека местото му е точно тука каде што се наоѓаат во моментов. Ќе рерагираме на ова решение и убеден сум дека не треба да се промени местоположбата кај што се наоѓа сега Тука се поставени со цел да бидат физички, имаме 24 часовна служба значи згрижени и обезбедени и вистина се културно поставени што ако ги извадиме на паркинг просторот кој ќе ги обезбедува“ – вели Симоноски.

Во членот 12 од Правилникот за нормативи и технички стандарди и здравствено санитерни услови за изградба и реконструкција на гробиштата, стои дека објектите за услужни дејности треба да бидат сместени надвор од гробиштата, односно до самиот влез на гробиштата, според кој член Државниот комунален инспекторат бара нивно отстранување. Симоноски посчи дека треба да се земат во предвид и членовите 5 и 8 од истиот правилник.

zoran„Во членот 5 стои дека гробиштата треба да ги има следните содржини. Набројани се 15 точки и во 15 точка се вели објекти за услужна дејност продавници за свеќи и цвеќе, како го толкувате вие овој член од истиот записник. И во член 8 стои придружни објекти на гробиштата се покрај сите други работи објекти за услужна дејност. Во овие два членови не пишува ни внатре ни надвор“ – посочува Симоноски.  

Овластениот државен комунален инспектор за Југозападен регион Стевчо Ѓурчевски кажува дека во членовите 5 и 8 од Правилникот само таксативно е набројано кои содржини треба да ги имаат гробиштата а не каде да се поставени услужните објекти, додека пак во членот 12 експлицитно е уредено каде им е местото.
Се што е пропишано во решението на Државниот комунален инспекторат, треба да биде испочитувано  до крајот на оваа година, од страна на раководниот тим на ЈП „Градски Гробишта“ децидни од државниот инспекторат.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top