Советниците во акција

Ги чистеа охридските плажи, кај Даљан. Во еколошката акција се вклучи и ЈП Охридски комуналец, како и ЕД  Грашница. Советниците се поделија и во еколошка акција. Чистењето на плажата кај младинското одморалиште од секаков вид на отпад, ја подржаа само советниците од мнозинството во градскиот совет.

 |  Татјана Маленкова  | 
cistenje
чистење

akcijaГи чистеа охридските плажи, кај Даљан. Во еколошката акција се вклучи и ЈП Охридски комуналец, како и ЕД  Грашница.

Советниците се поделија и во еколошка акција. Чистењето на плажата кај младинското одморалиште од секаков вид на отпад, ја подржаа само советниците од мнозинството во градскиот совет.

„ Целта ни е малку да ги поттикнеме службите да ја подигнат еколошката свест на граѓаните. Целта е да ја поттикнеме владата и тие да се вклучат во акцијата“, истакна Јаковчески.

Еколошката акција беше иницирана од страна на советникот Кујтим Усејни кој живее во овој дел на Охрид.

„ Ќе ја замолам владата да не го запоставува овој дел на Охрид“, вели советникот Усејни.

Акцијата беше подржана и од страна на Ед Грашница. Тие велат добро е што некој превзеде барем нешто во врска со чистотата, но во секој случај ова што се направи не е доволно.

„Вакви акции треба да има постојано. Добро е што и советниците се вклучија во екологијата. Конечно нашиот глас стигна и до нив“, истакна Борис Стојаноски од ЕД Грашница.

Во акцијата за чистење на плажите во Даљан од секаков отпад се вклучи и ЈП „Охридски комунлалец“.

„ЈП Охридски комунлаец ги подржува сите вакви иницијативи. езерото и брегот треба да се одржуваат секојдневно“, додава директорот на ЈП Сашо Алче.

Алче напомена дека ЈП веќе има изготвено проект за чистење на плажите. Се надевема дека министревото за транспорт и врски ќе извои средства  за таа намена. Доколку од таму наме слух за нашите барања како ЈП ќе побараме од советот на општина Охрид проширување на планот за јавна чистота. Тогаш во тој план би ги ставиле и плажите и сообраќајниците кои водат до нив, а фактурите за чистењето ќе ги испраќаме до сопствениците поточно концесионерите на плажите, вели Алче.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top