Состанок за квалитет на водата

Работна средба на претставници од МЈП „Проаква“, Хидробиолошкиот завод, Заводот за здравстевна заштита и Локалната самоуправа. Дискутираа за проблемите кои неколку години наназад се провлекуваат со квалитетот на водата во Билјанините извори, како и во изворите кај манастирскиот комплекс „Св. Наум“.

 |  Татјана Маленкова  | 

„Презентирани се сите резултати кои досега сме ги направиле…. констатирано е дека постои загадување во одредени периоди од годината. Заклучокот е дека ескспертски тимови на сите овие институции во многу скоро време ќе излезат на лице место, со цел да ги откријат сите загадувачи“ вели Сашо Точков, претставник од ЗЗЗ и додава дека состојбата со квалитетот на водата на Билјнините изворите воопшто не е загрижувачка. Изворската вода може да пие и е со добар квалитет. „Во текот на 2009 год. 90 насто од земените примероци од водата во Билјанини извори покажа дека е квалитетна“, потенцира Точков.

Во врска со микробиолошкото загадување, односно бактериите кои беа пронајдени во водата во Билјанините извори, Точков вели дека е старо фекално загадување од септички јами, кои претпоставуваат дека постојат околу реонот на изворите.
Смирувачкиот тон, кој го упатија стручните лица за квалитетот на водата во Билјанини извори, за жал не може да се каже и за водата во изворите кај „Св.Наум“.
„Таму постојано има свежо фекално загадување. Имаме некои индиции од каде може да доаѓа, но откако ќе ги согледаме вистинските причини за загадувањето ќе превземеме соодветни мерки“, вели претставникот од Хидробиолошкиот институт, д-р. Ленче Локоска.
Претпставките се дека ова загадување е од конаците од хотелот Маркони и ресторанот. Влијанието од ова загадување, не е само на изворот Св. Петка туку и на целиот комплекс на Св. Наумските извори и литералот на езрото во тој дел. „Со добра прочистителна станица, овој проблем ќе се надмине“ вели Локоска.
Инаку, неодамна Локалната самоуправа, со цел да ги заштити изворите кај Св. Наум од понатамошно загадување, им наложи на сопствениците на Маркони да изградат прочистителна станица. Овој услов, сопствениците на хотелот мора да го испочитуваат до крајот на месец мај наредната година, во спротивно против нив ќе следат соодветни законски мерки.  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top